врнежи од снег

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на планинските премини врне снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива претежно по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата, со остатоци од кашест снег.

Снег врне во Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, на Попова Шапка, Маврово, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Поради појава на магла, видливоста кај Страцин и на планинскиот премин Буково е намалена од 50 до 100 метра.

На патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, до село Франгово, поради оштетување на коловозот брзината е ограничена на 40 км/ч.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …