Студено време

Студено со врнежи од дожд и снег

Во текот на ноќта, нашето подрачје потпадна под влијание на нов студен и влажен бран, кој услови врнежи од дожд и снег. Во текот на денот, на повеќе места врнежите ќе бидат обилни. Во југоисточните делови ќе бидат претежно од дожд со над 40л/м2, а во останатите од снег, што ќе доведе до формирање на нова позначителна снежна покривка. Дневните температури ќе се движат од 1 до 5 степени Целзиусови.

И во наредните три денови ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Најстудено ќе биде во недела, кога утринската температура во одредени делови од земјата ќе се спушти до -8 степени. Максималната температура во деновите од викендот ќе се движи од -2 до 9 степени Целзиусови.

 

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …