Вилма Русковска

Советот на јавни обвинители в среда ќе ја разгледа жалбата на Русковска за нејзината суспензија

Советот на јавни обвинители в среда ќе ја одржи 63-тата седница, на чиј дневен ред ќе се најде жалбата за суспензија на обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Одлуката за свикување на седницата е објавена на веб-страницата на Советот на јавни обвинители, а на дневен ред, како прва точка се предлага разгледување и решавање по жалбата на јавниот обвинител на обивнителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Обвинителката Русковска, жалбата за одлуката за нејзината суспензија ја поднесе минатата среда до Советот на јавни обвинители.

Со жалбата, како што појасни Русковска, таа ги побива наводите во решението и „ова го смета за суспензија на правото и суспендирање на правдата“.

Русковска – Притисокот доаѓа од поранешна влада

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески ја суспендираше Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава против неа од доскорешниот директор на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми кој ја обвини за незаконитото постапување и злоупотреба на службената положба и овластување, при претресот во Управата минатиот месец.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …