бензинска станица бензини горива

Дизелот поскапува за 1,5 денари, бензините за половина денар

Порачувајќи дека во однос на одлуката за цените на нафтените деривати од 18 август, на светските берзи бензините поевтинеле за 0,065 отсто, додека дизелот поскапел за 2 отсто и екстра-лесното масло за домаќинство поскапело за речиси 2 отсто, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) денеска одреди нови, повисоки цени, за нафтените деривати на македонскиот пазар.

Новите цени стапуваат на сила по полноќ, и тие се за 1,5 денари по литар повисоки од досегашните за дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство, додека бензините ќе се продаваат за половина денар по литар поскапо отколку досега.

Новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 е 89 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,5 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), од полноќ ќе изнесува 93,5 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе изнесува 90 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,128 ден/кг, и ќе изнесува 51,686 ден/кг.

Прочитајте повеќе

Дневната евтина струја се враќа утре за околу 200.000 домаќинства

Од утре од 13 до 15 часот домаќинствата ќе имаат на располагање и плаќаат дневна …