Спасовски: Со новата методологија за проширување на ЕУ се најавува и програма за финансиска поддршка на земјите што го започнале тој процес

Спасовски: Со новата методологија за проширување на ЕУ се најавува и програма за финансиска поддршка на земјите што го започнале тој процес

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски вечерва ја отвори петтата од серијата 10-те планирани седници, што еднаш месечно се одржуваат во десет различни региони во државата.

Како и досега на овие седници, централна точка на дневниот ред е Информација за состојбите и за извршените посети во општините Охрид, Струга, Ресен, Вевчани и Дебрца.

Премиерот Спасовски ги поздрави градоначалниците на овие општини и им се заблагодари за присуството и учеството во работата на оваа седница.

„Вашето присуство вечерва тука е исклучително значајно. Ќе ни помогне да ги добиеме информациите од интерес на граѓаните од вашите локални заедници од прва рака, и согласно тоа ќе ни се дадат насоки за креирање на нашите идни политики и одлуки за проекти кои може да се реализираат во соработка меѓу локалната и централната власт“, истакна премиерот Спасовски на отворањето на седницата на Владата во Охрид.

Како дел од агендата на седницата на Владата во Охрид, во текот на денот се одржаа повеќе теренски активности на премиерот, на замениците претседатели во Владата, на министрите, замениците министри и на некои од директорите на јавните претпријатија и на акционерските друштва во сопственост на Владата.

На почетокот на седницата во Охрид, амбасадорката на Република Хрватска во нашата земја Нивес Тигањ ја презентираше програмата и приоритетите на Хрватското претседателство со Советот на Европската Унија.

Премиерот Спасовски изрази убедување дека програмата и приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ, е информација од интерес и на градоначалниците на општините на регионот.

„Со новата методологија за проширување што ја донесе Европската Комисија се најавува да започне и програма за силна финансиска поддршка на земјите што го започнале тој процес, а  голем дел од тие средства се наменети за поддршка на регионалниот развој, за поддршка на руралните средини и за поддршка на прекуграничната соработка, што секако е од интерес на граѓаните од општините Охрид, Струга, Ресен, Вевчани и Дебрца“, рече премиерот Спасовски.

На седницата на Владата во Охрид ќе се најдат уште неколку точки од интерес на граѓаните и општините од овој регион, како што се информацијата за посетата на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО, информацијата за извршениот инспекциски надзор на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга и информацијата за преземените активности на овластените градежни инспектори за овие подрачја.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …