Спојувањето на повеќе предмети во еден ќе ги учи учениците критички да размислуваат, вели Царовска

Спојувањето на повеќе предмети во еден ќе ги учи учениците критички да размислуваат, вели Царовска

Новата концепција за основно образование е навистина развојна, се базира на домашни и меѓународни истражувања и исто така се базира на анализа на постојни светски добро поставени концепции за основно образование, кои што даваат одлични резултати кај учениците, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска на денешната прес-конференција.

„Ваквиот интегриран пристап на наставни предмети во еден како главни носечки и правото на изборни предмети и воннаставни содржини е достапен секаде во развиените држави во светот. На тој начин, овој концепт на образование ги учи учениците да не помнат само факти, туку ги учи и критички да размислуваат за одредена тема од различни предмети, која што се обработува низ различни предмети, но се работи низ тематски пристап,“ појасни министерката.

Таа е децидна дека образованието мора да претрпи промени, за што покажуваат и домашните и меѓународните тестирања, но и родители и наставниците кои ги предложиле овие концептуални промени.

„Од нивните искази ние извлековме анализа и дојдовме до концепција каква што тие бараат. Овој модел наликува на финскиот, иако е македонски со нашите специфики, капацитети и можности, но тоа е концептот на преминување од фактичко учење кон размислување,“ додаде таа.

Царовска притоа истакна дека не само предметот историја, туку и предметите по биологија и хемија се интегрираат во ист период кога се отвора дискусијата со бугарската страна.

Министерката апелираше до сите професори, наставници и ученици, да ги следат промените за кои во моментов се водат дискусии со засегнатите страни, како и дека ќе има јавна детална презентација за новиот концепт за основното образование.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …