Владеjачката Српска напредна партија организира митинг денеска (26.05.2023), а опозицијата утре. Претседателот Вучиќ сега има проблем со граѓаните, а не со опозицијата, оценуваат аналитичарите со кои разговараше ДВ.
Режимските медиуми веќе со денови го одбројуваат времето до одржувањето на митингот во петок, 26 мај, со задолжителната забелешка дека тоа ќе биде „најмасовниот собир во историјата на Србија”. Собирот на Српската напредна партија (СНС) се смета за контрамитинг на протестите против насилство, на кои во три наврати излегоа импозантен број на граѓани. Властите тврдат дека никој нема да дојде под присила на собирот, но опозицијата тврди дека состојбата на теренот укажува оти има голем притисок врз вработените во јавните претпријатија за присуство во Белград. Секојдневно стигнуваат извештаи за голем логистички ангажман на СНС околу организирањето на митингот, а присуство најавуваат и од Република Српска, како и од Македонија во организација на поединечни здруженија на Србите. Покрај тоа власта се впушти во медиумска кампања која собирот не го дефинира како митинг, туку како некаков „собир за мир и надеж” на кој претседателот на Србија, Александар Вучиќ „ќе разговара со граѓаните за проблемите”. Како составен дел од кампањата е и акцијата за јавно зачленување на познати спортисти-пензионери во партијата во пресрет на митингот. Опозицијата од друга страна продолжувањето на протестите против насилството го најавува за сабота, 27 мај.
Спиновите со контраефект
„Мислам дека некои нерационални изјави и потези покажуваат дека партијата можеби за прв пат има во сериозен проблем”, оценува за ДВ новинарот Недим Сејдиновиќ. „Тој контрамитинг е многу лош одговор во моменталната ситуација затоа што до сега ги употребија сите можни трикови и граѓаните веќе стекнаа антитела на нивните потези. Нивните спинови и медиумската кампања сега веќе имаат контраефект. Дури и некои приказни за големи економски успеси во овој контекст добиваат контури на карикатури”, вели Сејдиновиќ.
Зоран Гавриловиќ, извршен директор на Бирото за општествени истражувања БИРОДИ вели дека „тој контрамитинг пред сѐ има функција да му опонира на граѓанскиот протест кој покажа настанување на нова јавност во Србија, како и да се влее страв со бројот на присутните лица. Другиот мотив е Вучиќ да објасни зошто си заминува од челното место во партијата и основа ново движење што само покажува дека Србија се оддалечува од демократија затоа што претседстелот на државата ќе биде на чело на некакво си движење”, вели Гарвриловиќ за ДВ.
За да ги избегнат обвинувањата за контрамитинг, челниците на партијата за време на изминатите денови усвоија нова реторика која зборува за „собир на мирот и надежта”. Најавата на претседателот на Србија дека на тој митинг ќе разговара со граѓаните според Сејдиновиќ исто така е „една од истрошените пароли. Тоа ќе биде митинг за негова липна промоција и враќање на изгубениот легитимитет на власта. Тие граѓани ќе бидат таму само како еден вуд украс на една политичка претстава“, смета нашиот соговорник.