Средба на Маричиќ со австрискиот амбасадор Георг Вуцас

Средба на Маричиќ со австрискиот амбасадор Георг Вуцас

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија, д-р Георг Вуцас.

На средбата, министерот Маричиќ истакна дека Австрија покажала силна поддршка за евроинтегративните аспирации на Северна Македонија и се заблагодари на австрискиот амбасадор Вуцас за досегашната соработка.

Министерот Маричиќ истакна дека во претстојниот период, Северна Македонија ќе посвети посебно внимание на имплементација на законите и реформите во делот на владеењето на правото со цел да се изгради транспарентен, независен и непристрасен правосуден систем.  Маричиќ истакна дека очекува првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите да се одржи до крајот на годината.

Амбасадорот Вуцас изрази отвореност за поддршка на реформскиот процес на земјата во делот на владеењето на правото и правосудство.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …