Средба на Пендаровски со претседателот на Долниот дом на Парламентот на Италија, Роберто Фико

Средба на Пендаровски со претседателот на Долниот дом на Парламентот на Италија, Роберто Фико

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, кој е во официјална посета на Република Италија, вчера се сретна и со Роберто Фико, претседател на Долниот дом на италијанскиот Парламент.

Двајцата соговорници оценија дека двете земји имаат одлични билатерални односи во повеќе области од взаемен интерес, кои се темелат на заедничка доверба и различни нивоа на институционално партнерство.

На средбата претседателот Пендаровски рече дека високо ја цени континуираната поддршка на италијанската Влада и на италијанскиот Парламент за нашиот пат кон евро-атлантските интеграции, заблагодарувајќи се за ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО.

Претседателот Пендаровски, подвлекувајќи ја важноста за натамошно јакнење на меѓупарламентарната соработка на билатерално ниво преку регионални форуми, додаде дека интензивирањето на соработката помеѓу парламентарните групи е важна алатка за зајакнување на севкупните билатерални односи помеѓу двете земји.

Во таа насока, беше истакната можноста за продлабочување на соработката и размена на искуства меѓу земјите-членки на формираната Група за пријателство во италијанскиот Парламент во која членуваат Италија, Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …