Средба на претседателот Пендаровски со австрискиот амбасадор Вуцас

Средба на претседателот Пендаровски со австрискиот амбасадор Вуцас

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Република Австрија, Георг Вуцас.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете држави.

Претседателот Пендаровски оцени дека Северна Македонија и Австрија во континуитет градат пријателски и партнерски односи во повеќе сфери од заеднички интерес, посочувајќи дека Австрија е меѓу најважните економски и трговски партнери на нашата држава.

На средбата претседателот Пендаровски го истакна значењето на континуираната австриска поддршка за аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската Унија, посочувајќи на важноста за скорешно одржување на меѓувладината конференција и формалниот почеток на пристапните преговори за членство.

Во контекст на актуелната состојбата врзана со пандемијата од Ковид-19, претседателот Пендаровски се заблагодари за напорите на Австрија да го администрира распоредувањето на вакцините Фајзер/БиоНТек од Европската Унија за земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, која по овој основ до крајот на август треба да добие 119.000 дози вакцини. Претседателот Пендаровски се заблагодари за демонстрираната солидарност и оцени дека Европската Унија и Република Австрија со овој чин даваат значаен придонес во борбата на земјите од Западен Балкан со пандемијата.

Прочитајте повеќе

Лога: Непочитувањето на уставното име ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска-Давкова

Лога: Непочитувањето на уставното име ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска-Давкова

Кренар Лога, министерот за правда во техничката Влада и генерален секретар на Алијансата на Албанците …