Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На средбата, на која присуствуваа Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет, Трајан Гоцевски, поранешен декан на Филозофскиот факултет и професорките Наташа Ангелоска-Галевска и Елизабета Томевска-Илиевска, се разговараше за одбележувањето на 75 години од основање на Институтот за педагогија.

Професорите го информираа претседателот Пендаровски дека во рамки на одбележувањето на овој јубилеј од 16 до 18 мај 2022 година во Охрид ќе се организира меѓународна научна конференција, чија цел ќе биде афирмација и промоција на дејноста на институтот пред пошироката академска јавност.

Конференцијата насловена „75 години Институт за педагогија – Воспитно образовни предизвици и перспективи“ ќе се одржи под покровителство на претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски, заблагодарувајќи се за поканата да биде покровител, го истакна значењето на оваа меѓународна научна конференција, на која ќе учествуваат бројни универзитетски професори, образовни експерти, истражувачи, едукатори, практичари и студенти од земјава и од десетина други држави, а со која соодветно ќе се одбележи големиот јубилеј – 75 години од основањето на Институтот за педагогија.

На средбата соговорниците нагласија дека конференцијата ќе биде одлична можност да се направи ретроспектива на последните случувања во образовната политика, законодавството и практиката, како и да се промовираат нови концепти и идеи и да се споделат резултати на најнови истражувања и иновации.

Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е прва и најстара институција за образување педагози, наставници и воспитувачи во нашата држава од каде потекнале најистакнатите педагози, министри за образование, декани на факултети, директори на просветни институции, магистри и доктори на педагошки науки.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …