Средба на претседателот Пендаровски со евроамбасадорот Гир

Средба на претседателот Пендаровски со евроамбасадорот Гир

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата соговорниците разговараа за политичките случувања во земјата во пресрет на формирањето на новата влада, како и за очекувањата и можностите за напредок во однос на европските перспективи на Северна Македонија.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија останува фокусирана на европската агенда и подготвена за дијалог со Република Бугарија во насока на надминување на постоечката состојба. Истовремено, претседателот Пендаровски констатираше дека валоризирањето на напредокот на нашата држава и почетокот на пристапните преговори, согласно препораките на Европската Комисија, ќе претставува дополнителен поттик за реформските процеси, посебно во клучните сфери како борбата против високата корупција и владеењето на правото.

На средбата беше посочено дека почетокот на пристапните преговори со Европската Унија значително ќе се одрази и на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на регионот.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …