Средба на раководството на ЕЛЕМ со градоначалничката Петровска

Средба на раководството на ЕЛЕМ со градоначалничката Петровска

Тековните активности околу проектот топлификација и гасификација на Битола беа главните теми на кои денес се разговараше на средбата во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска со генералниот директор на АД ЕЛЕМ Драган Миновски, директорот на инвестиции и развој во АД ЕЛЕМ Иван Трпески, директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски и помошник директорот за производство во РЕК Битола Златко Ќурчиевски. Раководството на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола ја информираа градоначалничката Петровска за конкретните активности во однос на реализацијата на овие процеси, со што во наредниот период треба да се интензивираат проектните активности.

На средбата беше договорена заедничката координација околу акцијата за засадување на 50.000 садници, со кои треба да се обезбеди зелениот појас од комбинатот РЕК Битола кон населените места.

Во пресрет на периодот во кој се очекува и поголема концентрација на загаден воздух, од раководството на АД ЕЛЕМ и на РЕК Битола информираа за реализираниот процес на стандардното отпепелување во комбинатот, за намалување на емисијата на прашина, особено при појаки воздушни струења.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …