Средба на Заев со шефот на Мисијата на ОБСЕ во земјава, Која: Поддршка за напредокот на нашата држава и нејзината евроатлантската определеност

Средба на Заев со шефот на Мисијата на ОБСЕ во земјава, Која: Поддршка за напредокот на нашата држава и нејзината евроатлантската определеност

Претседателот на Владата, Зоран Заев, попладнето се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

На состанокот е разговарано за актуелната политичка ситуација во нашата држава во пресрет на изборите.

Поздравени се политиките на Едно општество за сите во државата, како интегративен концепт со којшто Република Северна Македонија обезбедува еднакви шанси за сите и придонесува во домашната стабилност, а со тоа и во стабилноста во регионот. Изразена е и поддршка за напредокот на државата во реформите, во добрососедските односи и за евроатлантската определеност на нашата држава.

„Работиме на реформскиот процес, на интеретничката кохезија и на искрени, пријателски односи со соседите и во регионот. Фокусирани сме проевропски затоа што тоа е стратешка цел за земјата, заедно со членството на НАТО. Ваквата определеност веќе ги дава првите развојни економски резултати со директно влијание врз подобрување на животот на граѓаните. Свесни сме дека има уште многу да се сработи, но токму поради тоа и сметаме дека интеграциите на Република Северна Македонија и на регионот немаат алтернатива. Ние сме одговорна Влада и работиме во насока на зајакнување на стабилноста во државата и во регионот“, рече премиерот Заев.

На средбата е потенцирана важноста од почитувањето на човековите слободи и права, правдата и борбата против криминалот и корупцијата.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …