Средба Заев - Варадкар: Силна поддршка од Република Ирска за старт на преговорите за членство во ЕУ

Средба Заев – Варадкар: Силна поддршка од Република Ирска за старт на преговорите за членство во ЕУ

Претседателот на Владата Зоран Заев и Претседателот на Владата на Република Ирска Лео Варадкар, остварија средба на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

На средбата, на која во владината делегација на Северна Македонија беше и министерот за надворешни работи Никола Димитров, беше истакнато дека двете земји оваа година бележат 25-години од воспоставувањето дипломатски односи исполнети со силна поддршка од Република Ирска за Северна Македонија во контекст на нашите аспирации за членство во ЕУ.

Во таа насока премиерот Заев го запозна неговиот колега од Ирска Варадкар со актуелните заложби на нашата земја во овој процес и за оптимистичките очекувања од самитот на Европскиот Совет во октомври кога Северна Македонија го очекува датумот за старт на преговорите зa членство во ЕУ.

Ова оптимистичко очекување, рече премиерот Заев, се должи на десетте последователни позитивни препораки на Европската Комисија, на заклучоците на Европскиот Совет во 2018 и 2019 година, како и на одделната поддршка на земјите членки на ЕУ, и врз основа на остварените резултати на земјата во спроведувањето на реформите согласно европските стандарди.

На средбата меѓу претседателите на владите на Северна Македонија и на Република Ирска, Заев и Варадкар, е констатирано дека започнувањето преговори за пристапување со Северна Македонија ќе биде придонес за ЕУ, и заеднички успех од успешната соработка на нашата земја со Европската Комисија.

Прочитајте повеќе

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да укине над 130 државни институции за да го исполни …