ССК во Кина склучи договор за зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит

ССК во Кина склучи договор за зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит

Претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовка е во официјална посета на НР Кина, како дел од иницијативата на НР Кина „17+1“ во која активно е вклучен и Сојузот.

Во рамки на официјалната посета, во Нингбо, Арсовска склучи договор за соработка со кој во платформата „17+1“ следната година Македонија и Кина ќе преземат активности за зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит со НР Кина.

„Во Нингбо е лоциран центарот за увоз во Кина за земјите од Централна и Источна Европа и македонски павилjон каде 12 месеци во годината се промовираат македонски производи. Во центарот изложени се и повеќе од 3.000 видови на производи, од над 300 компании од земјите од Централна и Источна Европа. Зајакнување на трговијата и соработката меѓу македонските и кинеските компании е повеќегодишна заложба на Сојузот на стопански комори. Договорот кој го потпишавме во Нингбо за зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит, значи дека преку Сојузот, ќе даде нова димензија на можностите за пристап и можност за извоз и за реализација на сигурни партнерства на македонските со компании од НР Кина. Договорот е гаранција на заложбите на НР Кина во рамки на иницијативата со земјите од ЦИЕ за зголемена реализација на извозот, а со тоа кон  намалување на трговскиот дефицит“, изјави Арсовска.

Taa додаде дека бројните иницијативи за соработка на Кина и земјите од ЦИЕ даваат резултати во повеќе сектори како ИКТ, земјоделство, здравство, индустриско производство.

Дополнително, новина е тоа што наскоро малите и средните претпријатија, кои имаат многу важна улога во економскиот и социјалниот развој на земјите во рамките на „17 + 1“ соработката преку единствена веб-платформа ќе можат да пристапат со својата база на податоци и да воспостават директни контакти за соработка со цел реализација на деловни партнерства.

Нашата вкупна трговска размена со Кина во 2018 година изнесува речиси 500 милиони евра, остварен е извоз од околу 56 милиони евра, а увоз од скоро 440 милиони евра. Во 2017 година, трговската размена била 448 милиони евра, со остварен извоз од околу 55 милиони евра и увоз од 392 милиони евра. Во следната година со договорот се иницираат активности за намалување на трговскиот дефицит.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Заменик- претседателот на Владата, Фатмир Битиќи на својата официјална фејсбук страница имаше реакција на едностраната …