претседателот Стево Пендаровски

Став на претседателот Стево Пендаровски по повод инвазијата на Украина од страна на Русија

Во прилог го пренесуваме ставот на претседателот Стево Пендаровски по повод инвазијата на Украина од страна на Русија: 

„Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета. Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа. Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина. Во име на граѓаните на Северна Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња.“

Претседателот Стево Пендаровски за денеска свика седница на Советот за безбедност на која ќе се дискутира за руската агресија врз Украина. 

Седницата ќе се одржи во Кабинетот на претседателот со почеток во 14:00 часот.

Прочитајте повеќе

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, утринава се пријавил кај македонските власти по што …