Ставен во функција Блокот 3, во РЕК „Битола“ сега работат трите блока

Ставен во функција Блокот 3, во РЕК „Битола“ сега работат трите блока

Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека Блокот 3 на РЕК „Битола“ е ставен во функција, така што во моментов комбинатот работи со сите три блока.

„Вчера попладне, во 17:35 часот блокот е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем и испорачува електрична енергија. Монтажата на новиот трансформатор на блокот заврши успешно, но стручни лица од РЕК Битола и од производителот будно ја следат работата на постројката со цел повторното вклучување во системот да помине во најдобар ред“, информираат од ЕСМ.

Блок 3 на РЕК „Битола“ е повторно вклучен во работа после 366 дена, откако во ноември 2021 година неговиот трансформатор беше оштетен во пожар предизвикан од надворешен фактор.

Новиот трансформатор на Блок 3 го изработи турската компанија „Астор“. Во исто време, трансформаторот кој беше оштетен во пожарот, се наоѓа на репарација во специјализирана фабрика во Република Србија и се очекува наскоро и тој да пристигне во РЕК „Битола“, каде ќе се чува како резерва за евентуални слични непријатни ситуации во иднина.

Со вклучувањето на Блок 3, РЕК „Битола“ работи со полн капацитет за првпат по грејната сезона 2019/2020 година, односно од февруари до март 2020 година за последен пат работеа непречено сите три блока.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …