Стевановиќ - Ќе почнат да веруваат во корона кога ќе им се разболи некој близок

Стевановиќ – Ќе почнат да веруваат во корона кога ќе им се разболи некој близок

Кога некој ваш близок ќе дојде да има потреба од болница, од сериозно лекување, кога нивниот живот ќе биде во ризик, тогаш ќе стигне вербата дека постои ковид-19, вели директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, доктор Милена Стевановиќ, во неделното интервју за Радио Слободна Европа

Докторка Стевановиќ и покрај неколкумесечната битка со епидемијата, високиот број на новозаболени, како и високата смртност, дел од луѓето се уште сметаат дека корона-вирусот е измама. Како да се убедат овие луѓе дека станува збор за сериозна болест која што може да биде смртоносна и лесно пренослива?

Веројатно бројката на луѓе кои ќе имаат сериозна потреба од медицинско-болничко лекување ќе стигне до секој еден, кога некој ваш близок ќе дојде да има потреба од болница, од сериозно лекување, кога нивниот живот ќе биде во ризик, тогаш вербата и ќе стигне. Но страшно е ако го дозволиме тоа навистина ќе почнеме да ја губиме сериозно битката со ковид, не смееме да дозволиме вакви драстични, лични и емотивни случувања да ни бидат расветлување, разбистрување на свеста и стигање на информацијата, сето тоа може да биде многу полесно.

Според прогнозите на Светската Банка за развојот на пандемијата во земјава во однос на употребата на мерките за ублажување на неговото ширење, има три сценарија. Едното е дека 25 проценти од македонското население ќе се зарази со ковид-19, второто е дека ќе се зарази 50 проценти, и третото, најцрното, односно можноста да се зарази 80 проценти од населението доколку не се користат мерки за ублажување. Според вашето мислење, според вашата проценка, во кое сценарио, од денешен аспект, би ја ставиле Македонија, имајќи го предвид и последниот пораст на бројките на новозаразени?

Секако ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио од која било категорија нема да ни избега, мораме да се вратиме на однесувањето и на зборувањето за да не се случат овие црни сценарија. А тоа е навистина толку многу пати повторено на сите различни нивоа, во смисла да се допре до сите различни таргет цели за примена на овие препораки и информации.

Како информација се посочува статистиката дека растот на новозразени е во возрасната група од 30 до 39 години. Што значи тоа, имате ли некаква анализа зошто баш оваа возрасна група е во најголем степен меѓу новозаразените?

Најактивна е. Најмногу движи, во најголем ризик се става, најмалку внимава на преносот на инфекцијата. Размислуваат, сигурна сум во тоа, дека се непобедливи, и дека до нив, и да ја добијат инфекцијата, не можат да имаат тешки последици. Но ние видовме дека тоа не е баш така, барем не кај сите.

Во меѓувреме доста кадар од државниот сектор се одлева, односно заминува во приватните клиники и болници. Сметате ли дека ова на некој начин требаше да се превенира имајќи на предвид здравствената криза што ни се случува?

Сигурно дека има различни можности и опции за тоа. Јас навистина не можам да кажам колку тоа е возможно или невозможно или што требало повеќе да се направи. Мојот став е дека еден вработен, кој било, каде било да е вработен, има право да одлучи каде ќе работи, тогаш верувајте дека моето мислење е дека секој треба да си ги почитува и користи правата кои му се дадени, но секако обврските се неминовни, мора да бидат завршени како што треба. Ние мора да развиваме здравство и да го унапредуваме.

Во земјава здравственото осигурување е задолжително и секој вработен одвојува од својата плата за тоа. Па во јавноста напуштањето на државните клиники во ек на здравствена криза се толкува и како еден вид на дезертерство.

Кога ќе одлучам јас да ја напуштам оваа институција и да поминам во приватно здравство, ќе излезам пред вашата камера и ќе кажам дезертирав и одлучив заради ова или она. Тоа е навистина мој личен став. Секој еден има свои професионални, етички, морални нормативи по кои верувам се однесува. Јас не можам да судам тука.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …