УКИМ

Стипендиите од денес легнуваат на сметка, студентите ќе протестираат пред МОН

Доцнењето на стипендиите со недели предизвикуваше револт меѓу студентите и се главниот повод за денешниот протест што ќе се одржи пред зградата на МОН

Од утрово студентите-постојни корисници на студентска стипендија, кои го продолжиле ова право, на своите трансакциски сметки ги добиваат првите исплати за оваа учебна година. Според информациите од повеќе студенти кои се обратија до Мета.мк, денеска пристигнуваат четири рати за стипендиите, односно околу 24.200 денари.

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ја исплаќа и финансиската поддршка за меѓуградски превоз за јануари, со задоцнување од неколку дена. За оваа мерка, студентите на своите трансакциски сметки добиваат по 1.200 денари.

И новите корисници на студентски стипендии кои потпишаа договор со МОН во јануари, се очекува неделава да добијат четири рати од стипендиите.

Студентските стипендии доцнат со месеци. И покрај тоа што е предвидено да се исплаќаат за девет месеци, односно од октомври до јуни, студентите првите исплати ги добиваат дури во февруари.

Доцнењето на стипендиите со недели предизвикуваше револт меѓу студентите и се главниот повод за денешниот протест што ќе се одржи пред зградата на МОН.

Студентскиот протест што треба да започне во 14 часот е во организација на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, а доби поддршка и од останатите студентски собранија од државата, како и од неколку студентски организации и неформални движења.

Покрај редовна исплата на стипендиите, студентите пред МОН ќе го искажат незадоволството поради проблемите со мерката субвенциониран студентски оброк и нередовната исплата на финансиската поддршка за меѓуградски превоз. Ќе побараат и поголема ефикасност на Министерството, почитување на роковите што ги дава институцијата и подобра координација на одделенијата во рамки на МОН.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р: Филипче

Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, …