Стојанов: Папата доаѓа поради блиските односи на двете држави, верниците и Мајка Тереза

Стојанов: Папата доаѓа поради блиските односи на двете држави, верниците и Мајка Тереза

Направени се сите потребни подготовки за да го дочекаме еден од најзначајните светски и верски лидери, светиот отец папата Франциск, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција пред спомен-куќата на Мајка Тереза.

Тој додаде дека ова се случува на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј од воспоставување на дипломатските односи помеѓу нашата држава и Ватикан.

„Со посетата на светиот отец, папата Франциск, се потврдува блискоста и симпатиите на Ватикан кон нас, поради заедничката свеченост по повод прославата на Св.Кирил и Методиј. Неговата посета за нас ќе значи афирмација на мала земја пред целиот свет. Вредностите кои тој ги промовира како солидарност, почит, помош, простување, помирување се важни за овој момент од државата и тоа е она за што и ние се залагаме како Влада“, рече Заев.

Според бискупот Киро Стојанов посетата на папата се случува поради три причини. Најпрво тоа се добрите билатерални односи помеѓу двете држави и соработката на различни нивоа.

„Често зборуваме за црква на периферија, а неговата посета е на малубројна, но жива заедница и за да ја охраби заедницата во верата. Третата причина е дека Скопје е роден град на Мајка Тереза, која е пример како да им се служи на оние кои им е најпотребно, и со каква љубов треба да им се пристапи“, рече Стојанов и додаде дека со папата Франциск ќе пристигнат и кардинали, надбискупи, бискупи, свештеници.

За присуството на папата Франциск се очекуваат 15.000 верници на мисата на плоштадот Македонија.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …