„Стоп за дискриминацијата кон Ромите“, мирен протест на Ромите од прилепската населба „Тризла“

„Стоп за дискриминацијата кон Ромите“, мирен протест на Ромите од прилепската населба „Тризла“

Под мотото „Стоп за дискриминацијата кон Ромите“, група Роми од Прилеп со поддршка на граѓанското движење АВАЈА, денеска организира протест, односно мирен марш во врска со минатонеделниот настан, кога на педесетина Роми не им бил дозволен влез во базенот „Маркови Кули“.

Маршот ќе започне во 12 часот од џамијата во населбата „Тризла“, а крајната дестинација е базенот „Маркови Кули“.

Од движењето АВАЈА најавуваат дека случајот е документиран, обезбедени се потребните докази и дека во наредниот период ќе биде испратена претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

После тоа, велат од АВАЈА, во име на заштита на поголема група граѓани од ромската етничка заедница, ќе биде поднесена тужба и поведена судска постапка иницирана како actio popularis.

Прочитајте повеќе

АНАЛИЗА: Вработени во јавниот сектор – 72,5% Македонци, 21,4% Албанци, останатите под 2%

АНАЛИЗА: Вработени во јавниот сектор – 72,5% Македонци, 21,4% Албанци, останатите под 2%

Од вкупниот број вработени во јавниот сектор кои се опфатени во најновиот Регистар, 72,59 отсто …