Судот во Хаг ќе изрече пресуда во процесот против Израел

Судот во Хаг ќе изрече пресуда во процесот против Израел

Јужноафриканската Република го обвинува Израел за геноцид во Газа – долго судење е во тек пред Меѓународниот суд на правдата. Но, судот веќе денеска одлучува во врска со барањето за итно прекинување на воената операција.

Израел ги отфрла обвинувањата

Јужноафриканската Република поднесе тужба против Израел на крајот на декември, обвинувајќи ја земјата за кршење на Конвенцијата за геноцид. Тоа е првпат Израел да се соочи со обвиненија за геноцид пред судот на ОН. Израел, САД и германската влада сметаат дека тужбата е неоснована. На сослушувањето во Палатата на мирот во Хаг пред околу две недели, претставниците на Израел категорично ги отфрлија наводите. „Израел е во војна со Хамас, но не и со палестинскиот народ“, рече правниот советник на израелското Министерство за надворешни работи, Тал Бекер. Израел, исто така, ги отфрли повиците за прекин на воената операција. Како причина беше наведено дека тоа ќе ѝ го одземе правото на самоодбрана на земјата.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче по повод 33 години независност: Време за сплотеност и одлучност за подобро утре

По повод 8 Септември, Денот на независноста, претседателот на СДСМ, Венко Филипче испрати честитки до …