Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас Вегас го победи Сан Франциско после продолженија со 25:22. Чифси триумфираа со тачдаун на Мекол Хардман по додавање на Патрик Махомс. Ова за нив е четврто славје во Супербоул спектаклите, трето во последните пет години.
Махомс по третпат во кариерата го понесе признанието за најкорисен играч во Супербоулот и по третпат во кариерата го освои и трофејот Ломбарди. Тој е само шести квотербек во историјата на НФЛ со повеќе од три шампионски титули. Енди Рид, пак, стана петти тренер кој три или повеќе пати предводел екипа до титулата.
Канзас Сити е првата екипа која успеала да ја одбрани титулата во НФЛ по Њу Ингланд Патроитс во 2003 и во 2004 година. Тимот на Сан Франциско, пак, остана на петте титули. Последната ја освои во 1995 година и оттогаш беше три пати поразен во финалните натпревари.