Светски ден на здравјето: Поддршката на здравствените работници им е потребна повеќе од било кога

Денот на основање на Светската здравствена организација (СЗО), 7 април, од 1950 година се одбележува како Светски ден на здравјето. Овој ден е посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот, со цел да се привлече меѓународното внимание на здравствените проблеми со кои се соочува светот.

По тој повод, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, ја посети ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“, при што оствари средба со менаџерскиот тим и дел од медицинскиот персонал. Честитајќи им го Светскиот ден на здравјето, Јованоски им се заблагодари на здравствените работници за нивната пожртвуваност во справувањето со коронавирусот и им посака што поскоро завршување на пандемијата.

Светскиот ден на здравјето е еден од осумте здравствени денови во годината на СЗО, заедно со Светскиот ден на борба против туберкулозата, Светската недела на имунизација, Светскиот ден на борбата против маларијата, Светскиот ден на борба против пушењето, Светскиот ден на крводарителите, Светскиот ден на борба против хепатитот и Светскиот ден на борба против СИДА.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …