Талевски: Откупот на тутун стартуваше со 30 отсто повисока цена од ланската

Талевски: Откупот на тутун стартуваше со 30 отсто повисока цена од ланската

Изјава на Миле Талевски, пратеник на СДСМ во Собранието на РСМ

Почитувани,

Откупот на годинешниот тутун стартуваше со 30 отсто повисока цена од лани, што само го потврдува она што го кажуваат и самите тутунари: Владата на СДСМ е вистинскиот партнер на земјоделците.

261 денар по килограм, е просечната откупна цена на годинешниот тутун, за разлика од ланскиот кога неговата цена изнесуваше 200 денари. Тоа, е историски највисока цена на тутунот во изминатите 10 години.

Ако згора на тоа се додаде дека во споредба со лани, годинава имаме поголем број на склучени договори и се очекува да бидат откупени 21.000 тони на тутун, што е за 10 отсто повеќе од лани, тогаш нема дилема дека ова ќе биде една од најдобрите и најдоходовните реколти.

Ќе потсетиме и на тоа дека токму Владата предводена од СДСМ ги зголеми субвенциите по килограм предаден тутун, и тоа на 80 денари за прва класа, 70 за втора, и 60 денари за трета и за дополнителните класи.

Дека достоинството на тутунарот ни е најважно, потвруваме со фактот дека субвенциите се исплаќаат навремено и неселективно.

Нема да му дозволиме на Мицкоски да го врати назад времето кога неговата криминална партија ги уценуваше и злоупотребуваше тутунарите за партиски цели.

Почитувани,

И во време на светска економска и енергетска криза, докажуваме дека не отстапуваме од дадениот збор пред земјоделецот. Го исполнуваме ветеното.

За СДСМ, интересите на тутунарите, се интереси и на државата.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …