Талевски: ВМРО-ДПМНЕ е против тутунарите, ја блокира исплатата на субвенции

Талевски: ВМРО-ДПМНЕ е против тутунарите, ја блокира исплатата на субвенции

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Блокирање на Законите кои се од витален интерес за граѓаните, е начинот со кој Мицкоски се обидува да покрие неуспехот од 6-месеченото владеење на неговите градоначалници.

Веќе трет месец претседателот на собраниската Комисија за земјоделие, Љупчо Димоски одбива да ги стави на разгледување измените на Законот за земјоделство и рурален развој, кои ги доставија пратениците од СДСМ и коалицијата.

Имено, со предлог измените на Законот треба да се отстранат административните пречки за исплата на субвенциите за земјоделците.

Односно, се отстранува дополнителниот услов кој се провлекува дури од 2015 година, а според кој за да ја искористат државната финансиска поддршка, земјоделците треба да ги имаат платено даноците и придонеси за кои е надлежна Управата за јавни приходи.

Со блокадата на измените, Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот министер за земјоделие Љупчо Димоски, им нанесуваат директна штета на тутунарите.

Во време кога парите од субвенциите им се најпотребни на тутунарите, кога се вршат планови и подготовки за новата реколта, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ блокираат и кочат.

По примерот на унгарскиот бегалец Никола Груевски, Мицкоски ги става личните и партиските интереси пред интересите на земјоделците. Манипулира и си поигрува со маката на производителите на тутун.

Почитувани,

Социјадемократскиот сојуз на Македонија нема да дозволи никој и никогаш повеќе да ги злоупотребува тутунарите.

Субвенциите за тутун кои издвои Владата предводена од СДСМ, во износ од 1 милијарда и 300 илјади денари, ќе завршат во рацете на 17.278 тутунари.

СДСМ како докажан партнер на земјоделците, ќе продолжи со уште поголема помош и поддршка на земјоделскиот сектор.

Прочитајте повеќе

полиција полицајци

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

Тие се сомничат дека на 04.07.2024 околу 23.00 часот на ул.„Даме Груев“ во Скопје, при …