Талевски за 24: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени

Талевски за 24: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени

„ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени и тоа го потврди и нивниот претседател Христијан Мицкоски“, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талевски во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24.

„Една година ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека нема да прифати никакви измени на Уставот, за денеска, за само два часа да го сменат ставот. Утрото дадоа изјава по седница на Извршниот комитет и кажаа дека не прифаќаат измени на Уставот, за после два часа Мицкоски да каже дека ќе поддржи уставни измени ама под одредени услови. Тоа е еден пресврт и тоа е добро за државата и за европската иднина“, посочи Талевски.

Тој потсети дека сите лаги што ВМРО-ДПМНЕ ги ширеше околу јазикот и идентитетот на крајот беа демантирани.

„Денес се покажува хаосот во ВМРО-ДПМНЕ со различните изјави со кои се обидуваат да најдат алиби за да излезат од клопчето што сами си го заплеткаа околу себе. Гледаме дека се што кажаа изминатата година се пропадна. Лажеа за францускиот предлог, лажеа за наводна бугаризација, дека јазикот ќе ни бил западно бугарски дијалект, се што кажа ВМРО-ДПМНЕ не излезе така“, истакна Талевски.

Талевски повика да се искористи силната поддршка што државата ја добива од ЕУ и САД, блокадите да престанат, уставните измени да бидат донесени со што ќе се забрза процесот на преговори до полноправно членство во Унијата.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …