Танц театар – перформанс пред Влада против загадувањето на воздухот

Танц театар – перформанс пред Влада против загадувањето на воздухот

Поради енормното загадување и загрозувањето на најелементарното право на децата – Правото на живот, група средошколци од Гостивар и Скопје, утре пред Влада ќе изведат перформанс со кој ќе го изразат својот револт од состојбата со загадувањето и непреземањето мерки за заштита на децата и младите.

Перформансот е најавен во 12 часот напладне. Тие ќе побараат сите надлежни институции да преземат конкретни мерки за намалување на високите концентрации на ПМ10 честичките и ПМ 2,5 во воздухот, со кои Скопје, Тетово, Битола и други градови рушат рекорди во загаденост, а Македонија стана најзагадена земја во Европа.

„Ги повикуваме граѓаните и граѓанките да ја проследат изведбата и воедно на тој начин да ги поддржат младите во нивните барања. Според извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), во Македонија се дише најотровен воздух во Европа! Од загадениот воздух најмногу страдаат децата. Загадениот воздух е еден од најголемите фактори за смртност кај децата и тоа мора веднаш да се спречи“, порачуваат од Првата детска амбасада Меѓаши.

Потсетуваат дека децата се најосетливата група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото. Секое второ болно дете се лекува од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена и се најосетливата група на сите загадувања од животната средина затоа што имаат организам во развој, затоа што имаат позабрзано дишење и поголема глад за воздух од возрасните. Децата се почувствителни од возрасните на внатрешно и надворешно загадување на воздухот, бидејќи нивните бели дробови, мозокот и имунолошкиот систем сè уште се развиваат, а нивниот респираторен тракт е попорозен. Децата во раниот детски развој се немоќни било што да сменат. Република Македонија како потписничка на Конвенцијата за правата на детето е должна на децата да им овозможи да живеат и да се развиваат, додаваат од Меѓаши.

Извор: Радио Моф

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …