Националната установа Театар Комедија започна со снимањето на документарниот филм за големата актерка, Анче Џамбазова. Филмот ќе се снима под режисерската палка на Миле Гроздановски, а сценариото го изработи Гоце Трајковски.
Во филмот ќе бидат прикажани разни аспекти од животот и кариерата на големата актерка Анче Џамбазова, а премиерата на документарецот ќе биде во рамките на фестивалот ,,Гола Месечина”, односно на последната вечер од фестивалот, 9 септември.
Фестивалот „Гола месечина“ е под покровителство на Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин, а ќе се одржи од 2 до 9 септември.