Тендер за реконструкција на делницата Петровец – Катланово од автопатот Скопје – Велес

Тендер за реконструкција на делницата Петровец – Катланово од автопатот Скопје – Велес

Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за рехабилитација со проширување на делницата Петровец – Катланово од автопатот Скопје – Велес. Со зафатот ќе се реконструира и прошири левата коловозна лента во должина од 5,18 километри, ќе се обнови асфалтот на десната коловозна лента во должина од 4,75 километри и ќе се прошири постојната десна коловозна лента во должина од 820 метри.

„Левата и десната коловозна лента треба да бидат проширени на ниво на автопат со ширина од 10,75 метри“, се наведува во тендерската документација.

Градежните компании ќе имаат рок до 22 април за да ги поднесат своите понуди за учество во тендерската постапка, а финансиските средства за реализација на зафатот се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Автопатот Скопје – Велес – Скопје е еден од најфреквентите патишта во нашата земја. По делницата Петровец – Велес лани минувале во просек по 14.931 возила дневно и истиот е петти најфреквентен пат во Македонија.

Возачите веќе подолго време реаагираат кај надлежните власти бидејќи плаќаат патарина за користење на овој автопат, а за возврат добиваат патување по нереконструиран коловоз и дупки на патот, одрони на дел од патот, недоволно осветлување и одржување на патот во зимските месеци. Граѓаните најмногу се жалат токму на дупките на автопатот меѓу Петровец и Катланово, како и на одроните на патот што се појавуваат во двата правци меѓу Скопје и Велес.

Одговорни за одржување на автопатската делница Скопје – Велес – Скопје се ЈП „Македонија – пат“, кои до денешен ден немаат одговорено на поставените прашања на „Мета.мк“ во врска со нивниот ангажман што го вложиле во одржувањето на овој автопат.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …