Тесна победа на Пендаровски пред Сиљановска - Давкова

Тесна победа на Пендаровски пред Сиљановска – Давкова

На основа на обработените 99,8% од избирачките места во државата, односно 3.505 од вкупните 3.512 избирачки места, од ДРжавната изборна комисија соопштуваат дека во првиот круг од претседателските избори на гласање излегле 755.816 граѓани, или 41,82% од запишаните гласачи.

Од нив, за Блерим река гласале 79.915 гласачи, или 10,57%. Гордана Сиљановска – Давкова освоила 319.240 гласови, односно 42,24%, додека за Стево Пендаровски гласале 323.846 гласачи, или 42,85% од гласачите запишани во избирачкиот список.

Вкупниот број на неважечки ливчиња изнесува 32.828, односно 4.34%.

Тоа значи дека во вториот круг на изборите за Претседател на Република Северна Македонија кој ќе се одржи на 5-ти мај, одат Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска – Давкова.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …