пруга

Трет пат за два месеца запалена пругата Велес-Битола, сообраќајот во прекин

Симптоматично е што палењето на пругата и онеспособувањето на сообраќајот се случува речиси на идентичната локација во Општина Долнени

За помалку од два месеца, по трет пат се запалени дрвени прагови од пругата Велес-Битола во северниот дел од Пелагонискиот регион. Поради ова, во прекин е железничкиот сообраќај на релацијата Скопје-Битола-Скопје. Симптоматично е што палењето на пругата и онеспособувањето на сообраќајот се случува речиси на идентичната локација во Општина Долнени.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека била запалена ниска вегетација и прагови од железничка пруга помеѓу селата Слепче и Браилово, при што пожарот го гаснеле пожарникари од прилепската протипожарна бригада. Поради пожарот, во прекин е сообраќањето на единствениот патнички воз на релацијата Скопје-Битола-Скопје.

Пругата најпрво беше затворена за сообраќај на 23 септември годинава, откако без изгорени прагови во пожарот на територијата на општина Долнени. Со денови не сообраќаа патничките возови меѓу Скопје и Битола.

Само неколку дена откога беше воспоставен патничкиот железнички сообраќај меѓу Скопје и Битола, на 12 октомври повторно имаше пожар што зафати прагови од пругата кај селото Браилово. Поради ова, повторно во прекин беше железничкиот сообраќај на пругата меѓу Скопје и Битола.

Инаку, од 25 октомври годинава беа укинати од сообраќај два патнички воза на релацијата Скопје-Битола-Скопје, а остана во функција единствено возот од Скопје за Битола кој поаѓа од 14:30 часот, како и од Битола за Скопје кој поаѓа од 3:13 часот.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

стевчо јакимовски

На Стевчо Јакимовски ќе му се суди одново, Врховен суд ги укина пресудите против него

Јакимовски беше осуден на една година затвор за бесправно градење на општинската зграда во Карпош …