Туфегџиќ: Во најпозитивниот Извештај на ЕК констатирани подобрувања кај човековите права

Туфегџиќ: Во најпозитивниот Извештај на ЕК констатирани подобрувања кај човековите права

Изјава за медиуми на Ивана Туфегџиќ, пратеничка од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ:

Постигнатиот напредок во реформите е признаен и соодветно вреднуван од страна на Европската комисија.

Добивме најпозитивен извештај и безусловна препорака за почеток на преговорите со ЕУ.

Како што е наведено во Извештајот, во областа на заштита на основите човекови права и слободи, направен е добар прогрес и констатирано е дека е зголемена заштитата од говор на омраза и дискриминација.

Правната рамка е подобрена со усвојувањето на измените на Кривичниот Законик како и и усвојувањето на Законот за спречување на и заштита од дискриминација, и усвојувањето на националниот акционен план за имплементација на Истанбулската Конвенција.

За секое демократско општество, правата на граѓаните, почитувањето и негувањето на различностите се исклучително важни.

Во Извештајот се наведува и дека условите за работа на граѓанското општество продолжија да се подобруваат, преку нивното директно учество во креирање на политики и во законодавниот процес.

Граѓанскиот сектор е многу важен фактор кој учествува во процесите за подобрување на животот на граѓаните и функционалноста на институциите, но и во креирањето на квалитетни политики.

Во однос на младинските политики, Европската комисија ја поздравува мерката „Гаранцијата за млади“ која Македонија е единствена не ЕУ членка која ја спроведува како важен и позитивен чекор за намалување на младинската невработеност во земјата.

Имено, преку оваа мерка, која минатата година беше во фаза во неколку општини, се вработија 1.839 млади лица.

Ги повикуваме, сите политички чинители, и граѓанското општество, да продолжиме да работиме заедно на реформите бидејќи не чека многу работа, не само заради евроинтегративниот процес, туку поради тоа што граѓаните го бараат тоа од нас.

 

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …