Турција запира со спасувачките акции во подрачјата кои се разурнати од земјотресот

Турција запира со спасувачките акции во подрачјата кои се разурнати од земјотресот

Турција објави дека денеска завршуваат спасувачките напори во подрачјата кои пред речиси две недели беа погодени од катастрофалниот земјотрес, во кој загинаа над 46.000 жители на Турција и Сирија, пренесе Ројтерс.

Сè уште не се знае точно уште колку луѓе се водат како исчезнати во двете земји.

„Потрагата и спасувачките напори ќе завршат вечерва“, изјави Јунус Сезер, шефот на турската Агенција за управување со катастрофи и итни ситуации.

Се очекува бројот на загинати да биде значително поголем, бидејќи во земјотресот се уништени 345.000 станови.

Во еден од последните спасувачки напори, киргистански тим се обиде да спаси петмина членови на едно сириско семејство во турскиот град Антакија. Тројца од нив беа извлечени живи 296 часа по земјотресот. Мајката и таткото преживеаја, но нивниот 12-годишен син подоцна почина од дехидрација.

Светската здравствена организација процени дека околу 26 милиони луѓе во Турција и Сирија имаат потреба од хуманитарна помош. Светската програма за храна кажа дека бунтовничките власти во северозападна Сирија го блокираат пристапот до оваа област.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …