Договорот за финансиската помош бара едногласно одобрување од 27. земји-членки на ЕУ, што значи дека Орбан имаше право да стави вето на напорите на блокот да се oбезбедат повеќе средства за Украина додека земјата продолжува да се бори со руските сили
Европските лидери ќе се состанат денес во Брисел со надеж дека ќе стават крај на застојот во финансирањето на Украина откако украинскиот премиер, Виктор Орбан стави вето на финансиката помош од 50 милијарди евра, пишува Би-би-си.
Од неодамна се појавија гласини за потенцијално казнени дејствија од ЕУ, а лидерите стануваат нетрпеливи кон ставот на Унгарија, која спречува финансиите да стигнат до Украина, со приближувањето на втората годишнина од инвазијата од Русија.
Договорот за финансиската помош бара едногласно одобрување од 27-те земји-членки на ЕУ, што значи дека Орбан имаше право да стави вето на напорите на блокот да се oбезбедат повеќе средства за Украина додека земјата продолжува да се бори со руските сили.
Инаку, Орбан важи за најблискиот сојузник на Владимир Путин во ЕУ и неколку пати се има противено на санкциите во врска со руската нафта и гас.
Полскиот премиер, Доналд Туск, во вторникот изјави дека ЕУ ќе најде решение за поддршка на Украина без разлика на ставовите на Орбан.
Претходно, оваа недела беше објавено и дека европските лидери може да ја погодат унгарската економија доколку Орбан повторно проба да ја спречи финансиската помош за Украина.
По минатиот самит, Орбан предложи земјите од ЕУ да ја финансираат Украина со пари надвор од буџетот на ЕУ. Оттогаш, тој рече дека ќе биде отворен за користење на буџетот и за укинување на ветото на финансискиот пакет – под услов да се одржува годишно гласање пред да се ослободи следната транша од помошта.