Твитер

Твитер претстави нова верзија која ја заобиколува цензурата на информации од руските власти

Твитер лансираше своја нова верзија со заштитена приватност дизајнирана за да ја заобиколи цензурата и надзорот на руската влада за текот на информации во врска со конфликтот во Украина кој трае повеќе од две недели.

Станува збор за „onion“ верзија кон која корисниците можат да пристапат преку спуштање на пребарувачот Tor што им овозможува пристап и до веб-сајтови достапни на „темната страна“ на интернетот а притоа ги заштитува оние кои споделуваат претставувајќи ги како анонимни. Всушност, сајтовите што може да се најдат преку разгледувачот Тор имаат суфикс „.onion“ наместо „.com“.

Поврзаноста со значењето на името „кромид“ се однесува на слоевите кои мора да се поминат за да се дојде до центарот. Тор ги пренасочува пораките преку различни сервери со што отежнуваат обиди на шпијунирање на корисниците.

Социјалната платформа ги претстави новите опции откако руските власти го ограничија пристапот кон Твитер во некои делови од земјата со цел да се контролира текот и содржината на информации што ќе им биде достапна на руските државјани.

Софтверскиот инженер и експерт за интернет безбедност, Алек Муфет ја сподели веста преку својот Твитер профил каде напиша дека ова е верјоатно најважниот најдолго очекуваниот твит кој некогаш го напишал и споделил.

„Во 2014 јас го предводев тимот што ја лансираше „кромид“ верзијата на социјалната платформа Фејсбук и уште од тогаш имавме размислувани и разговарано за идејата за лансирање на иста верзија и за Твитер. Ова е резултат на труд на многу луѓе и сакам да им се заблагодарам на сите нив“, напиша инженерот.

 

Инаку, Фејсбук е блокиран во Русија, но од двете компании изјавија дека се работи на начин да си ги повратат своите мрежи за споделување на информации во земјата иако руските власти постојано прават нови рестрикции за цензура. Покрај Фејсбук своја „кромин“ верзија има и веб-сајтот на Би-би-си.

Она што веројатно ја отежнува оваа околност е тоа што Русија уште на 8-ми декември, а можеби и пред тоа официјално го блокираше пристапот до сајтот на разгледувачот Тор за сите свои државјани. Сепак со комбинирање на VPN (Виртуелна приватна мрежа) и Tor, пристапот до „onion“ верзијата на Твитер е навистина возможен, а дополнително и нивното на заштита на сопствените податоци е највисоко.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

deepfake

Deepfake – лажни видеа направени со вештачка интелигенција за кои треба да бидеме загрижени

Мислите дека го гледате претседателот на Украина Володимир Зеленски како зборува и им кажува на …