Македонската делегација ја сочинуваа 10 ученици од ПСУ „Јахја Кемал“, 3 ученици од ООУ“ Ј.Х. Песталоци“ – Скопје и двајца ученици од локално училиште во Дубаи, кои во конкуренција од 23 земји, успешно ги одбранија државните бои на Светскиот ученички куп 2021 (The World Scholar’s Cup – WSC).
На овој наптревар чија цел е да ги охрабри учениците да учат надвор од рамките на типичната наставна програма и да им овозможи на ученици од различни култури да дискутираат прашања и идеи поврзани со денешницата, учествуваа ученици од над 65 земји, информираат од приватното средно училиште „Јахја Кемал“.

„Се работи за натпревар што се одржува во забавна и инспиративна атмосфера и е одлична можност за учениците да ги развиваат своите вештини за критичко размислување во однос на годинешната тема – Возобновен свет (A World Renewed)“, велат тие.
Тимовите се натпреваруваат во четири главни настани: индивидуален тест по општи знаења, пишување во тимови, дебатирање во тимови и квиз во тимови. Покрај четирите главни настани, се одржуваат и социјални и академски активности од ненатпреварувачки карактер со цел да се постигне пријателска атмосфера помеѓу учесниците.
На 15-12-2021 во склоп на Светскиот ученички куп – WSC, имало и саем на култури каде нашата делегација одлично ги преставила и можностите на Република Северна Македонија.
Учениците изразиле благодарност до водачот на Македонската делегација Никола Гелинчески како и до Министерството за надворешни работи. Исто така, благодарност упатиле и до нашата Амбасада во ОА, до Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Северна Македонија и до фирмата Хераклеа за подршката со традиционални прехрамбени продукти.
Двата тима го надминале прагот на поени на глобалната рунда и директно се квалификувале на последниот круг од натпреварот: Турнир на шампиони, што ќе се одржи на Универзитетот Јејл во ноември 2022 година. Уште 3 тима обезбедиле дополнителна квалификација за тој натпревар.

Во продолжение се наведени успесите на Македонската Делегација:
Наставник на годината на светско ниво –
Никола Ѓелинчески – ПСУ „Јахја Кемал“
Тест по општи знаења – тимски признанија:
Сребрен – 11 место – тим 614 – Виктор Јакимов, Лука Вајевиќ, Сара Кнежевиќ – ООУ“ Ј.Х. Песталоци“ – Скопје
Златен – 8 место – тим 617 – Ирем Таук, Сара Тошиќ и Самар Шах – ПСУ „Јахја Кемал“ и Џумеира Инглиш Спикинг Скул
Дебата – индивидуални признанија:
Сребрен – 101 место – Ирем Таук – тим 617 – ПСУ „Јахја Кемал“
Сребрен – 97 место – Лука Вајевиќ – тим 614 – ООУ“ Ј.Х. Песталоци“ – Скопје
Сребрен – 95 место – Сара Тошиќ – тим 617 – ПСУ „Јахја Кемал“
Сребрен – 76 место – Адеа Рамука – тим 615 – ПСУ „Јахја Кемал“
Сребрен – 69 место – Гентиан Битиќи – тим 616 – ПСУ „Јахја Кемал“
Сребрен – 65 место – Андреи Калин – тим 615 – ПСУ „Јахја Кемал“
Златен – 45 место – Баани Синг – тим 618 – Џумериа Инглиш Спикинг Скул
Златен – 35 место – Јана Тасевска – тим 615 – ПСУ „Јахја Кемал“
Златен – 27 место – Самар Шах – тим 617 – Џумеира Инглиш Спикинг Скул
Златен – 13 место – Сара Кнежевиќ – тим 614 – ООУ“ Ј.Х. Песталоци“ – Скопје
Ученички квиз – тимски признанија:
Сребрен – место 39 – тим 618 – Тамара Симиќ, Михаела Костовска, Баани Синг – ПСУ „Јахја Кемал“ и Џумеира Инглиш Спикинг Скул
Сребрен – место 28 – тим 617 – Ирем Таук, Сара Тошиќ и Самар Шах – ПСУ „Јахја Кемал“ и Џумеира Инглиш Спикинг Скул
Сребрен – место 26 – тим 615 Андреи Калин, Адеа Рамука, Јана Тасевска – ПСУ „Јахја Кемал“
Сребрен – место 23 – тим 616 Деа Рамадани, Емрие Рамадани, Гентиан Битиќи – ПСУ „Јахја Кемал“