Украинскиот министер за одбрана издаде наредба за целосна истрага за рускиот напад за време на доделување признанија

Украинскиот министер за одбрана издаде наредба за целосна истрага за рускиот напад за време на доделување признанија

Според вооружените сили на Украина, повеќе од 20 војници биле убиени со руска балистичка ракета Искандер за време на церемонија на доделување на признанија при одбележувањето на Денот на артилеријата во петокот

Украинскиот министер за одбрана издаде наредба за истрага за наводниот руски балистички ракетен напад врз украинската јуришна бригада, по извештаите дека повеќе од 20 војници биле убиени за време на церемонија за доделување признанија, објави Ројтерс.

„Моето сочувство до семејствата на загинатите војници од 128-та одделна планинска нападна Задкарпатска бригада“, напиша на социјалните мрежи украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, додавајќи дека наредил „целосна истрага“.

Во посебна објава на апликацијата Телеграм, вооружените сили на Украина соопштија дека Русија го нападнала регионот Запорижје со балистичка ракета Искандер.

„Војници загинаа, а локални жители исто така беа повредени“, соопшти војската.

Изјавите дојдоа по низата претходни извештаи на украинските канали на социјалните мрежи дека повеќе од 20 војници биле убиени во село блиску до линијата на фронтот во Запорижје за време на церемонијата на доделување на признанија при одбележувањето на Денот на артилеријата во петокот.

Во своите дневни извештаи за активностите на бојното поле, руското Министерство за одбрана само кратко објави дека руските сили „нанесоа оган“ на единицата на украинската јуришна бригада во регионот, при што загинаа до 30 воени лица.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите.

И Русија и Украина често ги потценуваа своите воени жртви во 20-месечната војна, додека ги преувеличуваа загубите за кои тврдат дека си ги нанеле една на друга.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Руски обрач околу Харков: „Страшно е”

Руски обрач околу Харков: „Страшно е”

Украинската војска јавува за тешки борби во руско-украинскиот пограничен регион Харков. Од офанзивата на исток …