УТРЕ ПОЧНУВА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ ,,ГОЛА МЕСЕЧИНА"

УТРЕ ПОЧНУВА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ ,,ГОЛА МЕСЕЧИНА”

Со заложба на градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, годинава по шести пат ќе се одржи меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“.

„Фестивалот ‘Гола Месечина’ игра важна улога во развојот на културниот живот во општина Аеродром и претставува наш заштитен знак. Токму затоа од буџетот издвоивме 1.200.000 денари и логистички му помогнавме на организаторот Театар Комедија успешно да го реализира овој сѐ попопуларен настан во нашата општина“, порача градоначалникот Марин.

Директорот на Театар Комедија, Сашо Ристовски најави дека и годинава посетителите ќе можат да проследат квалитетни претстави. Покрај домашните театарски куќи, на шестото фестивалско издание со свои комедии ќе настапат и театри од Ниш, Србија и Загреб, Хрватска.

Фестивалот „Гола месечина“ ќе трае од 2 до 9 септември, а претставите ќе се играат во спортскиот центар „Ново Лисиче“, секој ден од 20:00 часот. Влезот е бесплатен.

Инаку „Гола месечина“ има натпреварувачки карактер и традиционално ќе бидат доделени награди избрани од тричлено меѓународно жири.

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …