Ученици училиште

Утре почнува второто полугодие, основците и средношколците со физичко присуство се враќаат на настава

Зимскиот распуст завршува. Основците и средношколците од утре со физичко присуство се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2022/2023 година.

„За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Има три работни наставни денови и не гледам причина да има некаков проблем“, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири минатата недела.

Тој рече дека учениците ќе треба да ги одработат сите 180 работни наставни денови утврдени со Календарот за воспитно-образовниот процес во училиштата и дека најверојатно и учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни.

Владата на барање на Министерството за образование и наука на седница на 10 јануари го продолжи времетраењето на зимскот распуст поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Венко Филипче

Филипче: Овозможивме слободни и независни медиуми и сме први во регионот

Позитивните политики и пристап на СДСМ кон медиумите, се потврдија со тоа што Северна Македонија …