Утре во Крушево почнува фестивалот на храна и култура „Taste Krushevo“

Утре во Крушево почнува фестивалот на храна и култура „Taste Krushevo“

„Taste Krushevo“ е фестивал на храна и култура, кој од 27 до 29 септември ќе се одржи во Крушево .

На Фестивалот ќе учествуваат следните училишта:

1. „Трговињско угостителска школа – Лесковац“, Србија

2. „Јосиф Јосифоски“ – Гевгелија

3. „Митко Пенџуклиски“ – Кратово

4. „Нико Нестор“ – Струга

5. СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка

6. „Моша Пијаде“ – Тетово

7. „Лазар Танев“ – Скопје

8. „Ванчо Питошески“ – Охрид

Дел од настанот ќе бидат и неколку државни универзитети, чиј настап ќе биде промотивен.

Фестивалот Taste Krusevo е во организација на СОУ „Наум Наумовски – Борче“ Крушево, а е поддржан од Центарот за средно стручно образование во Република Северна Македонија, Агенцијата за промоција, поддршка и развој на туризмот во Република Северна Македонија и lокалната самоуправа на oпштина Крушево, а како соработници и поддржувачи се вклучија и Локалниот младински совет на oпштина Крушево, When in Krusevo и Викенд во Крушево. 

Фестивалот е широко поддржан од локални организации, институции и луѓе кои работат во сферата на угостителството, заради што се очекува дека организацијата ќе биде на високо професионално ниво.

Покрај компанијата „Витаминка“, поддржувачи на Првиот фестивал на храна и култура се и следниве локални угостители: хотел „Монтана Палас“, пицерија „Скар“, ресторан „Шапе“, пицерија „Рома“, ресторан „Либра“, ресторан „Крушевска одаја“, гостилница „Марчело“ и хотел „Панорама Спа“.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …