Утре започнува When in Krusevo – Winter is Here, Крушево ги отвора вратите за туристите

Утре започнува When in Krusevo – Winter is Here, Крушево ги отвора вратите за туристите

Утре, петок 14-ти февруари, во Крушево започнува фестивалот When in Krusevo – Winter is Here, а сместувачките капацитети се исполнуваат со посетители од цела држава.

Ова е второ издание на Фестивалот кој благодарение на содржините кои ги нуди, како што се планинарењето, тандем параглајдингот, музичките забави и друго, во Крушево носи голем број туристи.

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски смета дека When in Krusevo има голем потенцијал и сериозно ја збогатува туристичка понуда на градот.

„Досега имавме неколку изданија на летното и зимското When in Krusevo, настан кој Општина Крушево активно го поддржува заради тоа што истиот покажа голем потенцијал и сериозно ја збогати нашата понуда. И годинава очекуваме двете изданија на фестивалот во нашиот град да донесат над 6.000 туристи“, изјави градоначалникот Христоски.

Организаторите нагласуваат дека зимското издание на фестивалот, When in Krusevo – Winter is here!, кое се одржува од 14 -16 февруари, вклучува: чист воздух, фото тура, рекреативна пешачка тура, зимски тандем параглајдинг, зимско јавање на коњи, дегустација на превкусни крушевски специјалитети и луда забава, овој пат на прекрасните ски терени на Станич и ресторанот „Алто“.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …