В среда ќе се одржи Станица: Студентска 8 – целодневен настан за студенти и млади

В среда ќе се одржи Станица: Студентска 8 – целодневен настан за студенти и млади

Станува збор за настан кој има за цел промовирање на активностите на и за студентите, студентските организации и студентските иницијативи, како и унапредување на младинското здружување и организирање.

По неколку години пауза, настанот „Станица: Студентска“ се враќа со своето осмо издание, најави Младинскиот образовен форум (МОФ). Станува збор за целодневен настан наменет за студенти, но и за сите заинтересирани млади лица.

Станица: Студентска 8 ќе се одржи в среда, 3 мај, од 12 до 17 часот на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Станува збор за настан кој има за цел промовирање на активностите на и за студентите, студентските организации и студентските иницијативи, како и унапредување на младинското здружување и организирање. Истиот претставува можност за студентите да ги споделат своите знаења со своите колеги и да го зголемат своето познавање во различни области од нивен интерес. Дополнително, студентите ќе можат директно да се запознаат со работата на студентските, младинските и организациите за млади и начините како би можеле да им се приклучат“, велат од МОФ.

На настанот се предвидени отворени предавања на интересни и актуелни теми како вештачка интелигенција, стартапи, права при контакт со полиција, млади автори, помирување и градење мир во регионот.

Дел од Станица: Студентска 8 ќе бидат и работилници за цртање на платнени торби, одржување на велосипеди и истражување на пештерите низ земјава.

Целата агенда и повеќе информации може да се најдат на овој линк.

Прочитајте повеќе

Зградата на МВР Полиција

Тетовец изнудувал пари од својата партнерка под закана дека ќе објави нејзини експлицитни фотографии

Пријавениот изнудувал пари од својата 44 годишна партнерка, заканувајќи ѝ се дека ќе објави нејзини …