Вархеји и Борел во Скопје на Советот за стабилизација и асоцијација

Вархеји и Борел во Скопје на Советот за стабилизација и асоцијација

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и повеќе претставници на земјите членки на ЕУ допатуваа во Скопје за 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија со кој ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски.

„Политичка поддршка која државите од Западен Балкан ја имаме треба да ја искористиме и да ги загарантираме стабилноста, мирот и европската перспектива на регионот“, напиша синоќа Маричиќ на Фејсбук, откако ги пречека високите гости пред денешната седница.

Состаноците на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу земјава и Европската Унија досега се одржуваа во Брисел, а ова е првпат вакво заседание да се одржи во Скопје, што од македонска страна се оценува како „одличен сигнал сам по себе“.

Вархеји и Борел вчера беа во Тирана, каде исто така се одржуваше состанок на Советот за стабилизација и асоцијација.

Македонија и Албанија лани ги започнаа преговорите за влез во ЕУ. Сепак, почетокот за Македонија е условен, па за тие да продолжат земјава ќе мора да направи уставни измени и да ги внесе Бугарите како државотворен народ.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …