вакцини ковид

Вчера се аплицирани 6.940 вакцини, досега вакцинирани 224.336 граѓани

Министерството за здравство информира дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 422.503 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 224.336 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.958 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.940 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 42.831 граѓани. Со последните бројки 46 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, додека 39 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп, информираат од ова министерство.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Собраниско финале за Буџетот за 2026

Собраниско финале за Буџетот за 2026

2,8 милијарди евра за плати и пензии, 654 милиони евра за капитални инвестиции, 1,7 милијарди …