Д-р Венко Филипче, средби со граѓани на Струмица

Венко Филипче: Во Струмица очекуваме голема победа на Стево Пендаровски во првиот круг

Кандидатот на СДСМ и носител во изборна единица 4, Д-р Венко Филипче, денес ја посети Струмица каде оствари низа средби со граѓаните. Филипче ги посети пазарите во градот и разговараше со струмичани за изборите и предизвиците со кои се соочуваат.

„Од разговорите гледам голем ентузијазам и очекувам убедлива победа на Стево Пендарвоски во првиот круг, а потоа и во вториот, како и на парламентарните избори“ – истакна Филипче.

Филипче рече дека енергијата во градот е одлична, а граѓаните даваат поддршка за напредните политики. Тој истакна дека Пендарвоски е човек кој не ги дели граѓаните, кој многу пати во својот мандат ја посетил Струмица и директно се сретнувал со граѓаните.

„Како што одминува кампањата, поддршката за Стево Пендаровски очигледно расте. Тој доминира во јавноста додека неговата против кандидатка речиси никаде да ја нема. Загрижувачки е што нејзината кампања целосно ја води ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека доколку таа биде избрана за претседател ќе биде целосно под контрола на Мицкоски. Ова воопшто не е здраво за демократијата во земјата и значи ништење на финкцијата претседател. Вакво искуство имавме со претходните претседатели поддржани од ВМРО-ДПМНЕ и тоа сите знаат дека не е добро за држават“ – истакна Филипче.

Прочитајте повеќе

Со просек над 3,00 учениците во дуални паралелки ќе добиваат месечна стипендија од 3.500 денари

Со просек над 3,00 учениците во дуални паралелки ќе добиваат месечна стипендија од 3.500 денари

Уписите во средно образование, согласно конкурсот што го објави Министерството за образование и наука (МОН) …