Вежди Рашидов

Вежди Рашидов од ГЕРБ-СДС e избран за претседател на бугарскиот Парламент

Со 139 гласа „за“ и 73 „против“ за претседател на бугарското Народно собрание е избран Вежди Рашидов. Тој денес на претседателскиот совет, како член од пратеничката група на ГЕРБ-СДС, беше номиниран од четири партии, објави бугарската новинска агенција БГНЕС.

Неговата кандидатура беше поддржана од ГЕРБ, БСП, ДПС и „Бугарски подем“. Против гласаа пратеници од „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“, а целата пратеничка група на „Преродба“ беше воздржана.

Изминатите три дена бугарските пратеници во пет обиди пробаа да го изберат претседателот на 48. Народно собрание, но попусто. Петтиот обид за избор на собраниски спикер за одржа утринава кога за претседател на Парламентот беше предложена Цвета Рангелова од „Преродба“, но немаше поддршка од доволен број пратеници.

Инаку, Вежди Рашидов е роден на 14 декември 1951 година во Димитровград. Дипломирал на средното уметничко училиште во Софија, а во 1978 година дипломирал на Уметничката академија, насока „Скулптура“, каде подоцна предавал. Бил министер за култура на Бугарија од 2009 до 2013 и од 2014 до 2017.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Ниш

Бомба во Ниш тешка еден тон од 1999 година отстранета од градилиште

Биле евакуирани 1.300 граѓани, на кои сега им е дозволено повторно да се вратат во …