Вицепремиерката Грковска: Со конкретни антикорупциски политики ќе ја таргетираме корупцијата во спортот

Вицепремиерката Грковска: Со конкретни антикорупциски политики ќе ја таргетираме корупцијата во спортот

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, во синоќешното гостување на Дневникот на НРТВ најави процес на креирање на антикорупциски политики во спортот, со цел системски да се санкционира корупцијата во спортот и подигнување на свеста во општеството за ова прашање.

„Сите сме свесни дека корупција во спортот постои и најчесто за жал млади и талентирани спортисти заради вакви игри не можат да излезат на површина и не можат да имаат природен развој на талентот и успех во кариерата. Токму од тие причини ние сериозно ќе се посветиме на активности во креирање на антикорупциски политики во спортот. Благодарение на соработката со UNODC (Канцеларија на ОН за дрога и криминал) и други наши меѓународни партнери од кои имаме поддршка верувам ќе ја кренеме свеста во државата за ова прашање и ќе најдеме начин како тоа системски да се санкционира“, рече вицепремиерката Грковска.

Таа информираше дека Обединетите нации системски ја таргетираат корупцијата во спортот, а UNODC веќе има издадено прирачник за борба против корупција во спортот. Грковска оцени дека досега за такви политики кај нас или воопшто или многу малку е зборувано.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …