Битиќи ги претстави можностите за инвестирање пред кинески бизнисмени
Битиќи ги претстави можностите за инвестирање пред кинески бизнисмени

Вицепремиерот Битиќи ги претстави можностите за инвестирање пред кинески бизнисмени

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес оствари средба со кинеска делегација составена од претставници на неколку водечки кинески компании, а предводена од Амбасадорот на НР Кина во Северна Македонија, Џанг Ѕуо.

Вицепремиерот Битиќи пред бизнисмените од Кина ги претстави можностите и условите за инвестирање во Република Северна Македонија, притоа истакнувајќи дека Владата на сите странски инвеститори им нуди законски втемелени и транспарентни мерки на поддршка за отпочнување на бизнис, пропратено и со силна институционална поддршка во реализацијата на инвестициите.

Посочувајќи на атрактивниот економски амбиент во државата, вицепремиерот Битиќи истакна дека Северна Македонија има стратешка позиција во Европа, со развиена инфраструктура која овозможува брз транспорт и пристап до пазарите на европските земји.

На средбата со кинеските бизнисмени присуствуваше и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, кој ги престави условите за инвестирање во индустриските зони во земјава.

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Од прослави за знамето до тензии и обвинувања за дестабилизација

Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што …